•  

Parkland Hospitality Group

Следно
Пред

Водени од идејата да ги обединиме под едно семејство сите наши хоспиталити објекти, го создадовме Parkland Hospitality Group кој денес гордо претставува спој од реномирани брендови од областа на хотелиерството и угостителството:

  •  Park Hotel & Spa е лускузен хотел со 5 ѕвезди, лоциран во срцето на градскиот парк во Скопје, на само 1км од центарот на градот, кој нуди 79 просторни соби, сите опремени според светски стандарди и најмодерен дизајн и технологија, за удобност и уживање по напорен работен ден или целосно опуштање за сите сетила. е лускузен хотел со 5 ѕвезди, лоциран во срцето на градскиот парк во Скопје, на само 1км од центарот на градот, кој нуди 79 просторни соби, сите опремени според светски стандарди и најмодерен дизајн и технологија, за удобност и уживање по напорен работен ден или целосно опуштање за сите сетила.
  • Next Door Park е хотел со 4 ѕвезди, лоциран веднаш до Парк Хотел и Спа, на кејот на реката Вардар, во мирна област, но сепак на чекор до сите градски збиднувања. Хотелот располага со 64 стилизирани соби, следејќи ултра-шик концепт и карактер, со фокус на секој детал, нудејќи при- лагоден, удобен и уникатен престој за сите оние кои се во потрага по различно искуство и нови авантури.
  • Four ресторан во рамки на Парк Хотел и Спа гордо го носи епитетот на еден од најдобрите ресторани во регионот, нудејќи беспрекорно и уникатно кулинарско искуство, како и магичен амбиент, ентериер и дизајн.
  • Brick Eat Restaurant & Bar додава дополнителна магија на целата приказна, вкусни специјалитети, посебен амбиент и неповторливо доживување.
  • Fitness & Spa Park е лоциран во хармонија со природата со цел да им овозможи на нашите гости целосно задоволување на сите потреби, максимално опуштање и задоволство.

Се простира на површина од 1300 м2, уредени во софистициран и елегантен дизајн, персонализиран пристап, современа „state of art” опрема и имплементирани светски стандарди.