Скролувајте надолу

За нас

Одиме понатаму, Заедно и посилни

КОИ СМЕ НИЕ

Веќе 30 години сме синоним за лидерство на пазарот и работење по врвни светски трендови, иновации и стандарди во Македонија, Албанија и Косово. Водени од амбицијата за нови деловни подвизи и желбата да се освојат што повеќе пазари и клиенти, го проширивме доменот на работење во повеќе сегменти, и тоа хронолошки:

01.

ВРЕДНОСТИ

Да ги задржиме и дополнително зајакнеме сите вредности на кои сме работеле напорно во изминативе години, како основен столб на нашиот успех. Вредностите кои ги негуваме и интерно и кон нашите чинители се дел од семејното наследство и се длабоко инкорпорирани во секој сегмент на нашето работење.
Инспирираме напредок, лидерство и претприемништво преку почитување на традицијата, транспарентно работење и испорачување на врвен квалитет, градејќи партнерства базирани на доверба, взаемна почит и деловен развој.
Нашата цел не е само да ги задржиме и негуваме, туку и заедно да ги надградиме овие вредности.

0
Вработени
0
Милиони € годишен обрт
0
м2 Магацини
0
Возила
02.

МИСИЈА И ВИЗИЈА

МИСИЈА

Да ја продолжиме традицијата на инвестирање во квалитетни човечки ресурси, имплементација на највисоки светски стандарди во работењето и континуирано ширење на деловното работење, поместувајќи ги границите на невозможното преку сплотеност и заедничко чекорење како едно семејство.

ВИЗИЈА

Како нова холдинг компанија со широко портфолио на дејности, нашата визија e да ја задржиме позицијата на лидери во различни сегменти на работење притоа овозможувајќи врвен квалитет и услуга за нашите клиенти, преку пратење на светски трендови, примена на нови бизнис модели и иновации, континуирано зголемувајќи ја вредноста која ја испорачуваме на нашите чинители.

03.

ИНДУСТРИИ

ДИСТРИБУЦИЈА
НЕДВИЖНИНИ
УГОСТИТЕЛСТВО
04.