•  
Скролувајте надолу

Фондација Енвер Малиќи

Почитуван Енвер Малиќи

Го споделуваше секој момент со семејството, пријателите и соработниците и ги гледаше сите вработени како дел од семејството.
Останува наследството што ни го остави како пат по кој треба да одиме, а тоа е да го цениме и сакаме секој момент од животот, да ги сакаме и почитуваме нашите најблиски и луѓето околу нас, да бидеме добри луѓе, да не престанеме да се подобруваме и да бидеш секогаш подобар. Ни остави голема одговорност да продолжиме со неговите дела, мисијата и големината на човекот што го носеше во себе.
Болката е неизмерна и безвременска, но она што ни дава утеха се делата и печатот што го остави на секој од нас и повеќе од сигурни сме дека тој ќе живее вечно во сите нас.

Фондација Енвер Малиќи

Цврсто веруваме во постулатот дека ниедна компанија не може да биде целосно успешна без притоа да биде одговорна кон заедницата и да работи во синергија со потребите на општеството во кое живееме.

Токму и тоа беше нашиот мотив да работиме на поставување на темелите на Фондацијата Енвер Малиќи, која во негово сеќавање и со неговиот аманет за продолжување понатаму со ист стремеж, ќе работи на издигнување на институции и поединци кои креираат дополнителна вредност за општеството, и тоа во сферите на:

ОБРАЗОВАНИЕ
УМЕТНОСТ И
КУЛТУРА
ЗАШТИТА НА
ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Воедно нашата цел е да послужиме и како позитивен пример и инспирација за другите, за уште поголемо инволвирање и општествено одговорно работење, како заедничка мисија на целата бизнис заедница.