•  
Скролувајте надолу

Последни
Новости

Тим билдинг

Team-building

Драги колеги

Успеавме да реализираме исклучително успешни тим билдинг настани викендов (на 7-8 Октомври 2023) во селото Кучково во Македонија и во Ѓаковица на Косово.
Овие тим билдинг настани ни дадоа можност за забава и релаксација, но и можност за подобра соработката меѓу колегите, што сигурно позитивно ќе влијае на продуктивноста и успехот на групацијата Малиќи во иднина.
Овие средби зборуваат колку сме посветени на единството и поддршката во нашата групација.
Беше навистина инспиративно да се види толку многу компаниски ентузијазам и ангажираност.
Во Македонија, колегите беа во селото Кучково, каде пеш ги истражуваа прекрасните природни убавини, водопад и разни други природни убавини.
По планинарењето организиравме пикник, со музика, храна, спортски активности, со храна што ја подготвија нашите колеги од ресторанот Фор.
Оваа можност за релаксација и неформално дружење, дополнително ги зацврсти врските во тимот.
Во Косово – Ѓаковица, продолживме со фантастични активности. Имаше многу колегијалност и тимска конкуренција што уште повеќе не зближи. Рекреативните спортови и игри не поттикнаа да работиме заедно како тим, сето тоа со смеа и забава.
На пикникот во Ѓаковица Косово дојдоа рекорден број колеги.
Браво за тимот !
Овие искуства едноставно не може да се пропуштат повторно!
Ви благодариме на сите кои придонесоа за успехот на овие настани
и ви благодариме што сте дел од групацијата Малиќи.
Се гледаме наскоро!

За повеќе фотографии, Ве молиме кликнете на линкот:

Macedonia
Kosovo

01.