•  
Скролувајте надолу

Последни
Новости

Малиќи груп и Гемак се пријатели на фестивалот “ Браќа Манаки“

Maliqi group and Gemak  are  friends of the festival “Manaki Brothers”

Филмот, културата веќе не се привилeгија, тие се потреба. Како водата, како воздухот што го дишеме. Со оваа порака актерката и продуцентка Лабина Митевска, ја прими наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ на отворањето на 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, на која Малиќи груп и Гемак се традиционални пријатели и помагачи.
На врачувањето на фестивалските награди, претходеше перформанс на кој учествуваше детски хор од Битола, заедно со членови на Здружение на џез музичари, кои ги изведоа Another brick in the wall и Breathe од „Пинк Флојд“. Впечатливиот вовед што измами многу воздишки во публиката, беше во чест на лауреатот Питер Бижу, директор на фотографија на филмот „Пинк Флојд: Sидот“.
Групацијата Малиќи, голем подржувач на културата и уметноста им честита на наградените , но и на сите кои низ годините го градат фестивалот Браќа Манаки.

01.