Филмот, културата веќе не се привилeгија, тие се потреба. Како водата, како воздухот што го дишеме. Со оваа порака актерката и продуцентка Лабина Митевска, ја прими наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ на отворањето на 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, на која Малиќи груп и Гемак се традиционални пријатели и помагачи. На врачувањето на фестивалските награди, претходеше перформанс на кој учествуваше детски хор од Битола, заедно со членови на Здружение на џез музичари, кои ги изведоа Another brick in the wall и Breathe од „Пинк Флојд“. Впечатливиот вовед што измами многу воздишки во публиката, беше во чест на лауреатот Питер Бижу, директор на фотографија на филмот „Пинк Флојд: Sидот“. Групацијата Малиќи, голем подржувач на културата и уметноста им честита на наградените , но и на сите кои низ годините го градат фестивалот Браќа Манаки.