•  
Скролувајте надолу

Последни
Новости

г-дин Албан Малиќи, дел од бордот на директори на Малиќи групацијата, од денеска е именуван за нов конзул на Соединетите Мексикански Држави во Република Северна Македонија

јули 3, 2023Категорија: Uncategorized
Mr. Alban Maliqi, is the new consul of the United Mexican States in the Republic of North Macedonia

Имаме особена чест да објавиме дека г-дин Албан Малиќи, дел од бордот на директори на Малиќи групацијата, од денеска е именуван за нов конзул на Соединетите Мексикански Држави во Република Северна Македонија.

Г-дин Малиќи ја презема оваа важна позиција со цел да се зајакнат билатералните односи меѓу Мексико и Северна Македонија.

- Со голема чест денеска ја прифатив новата должност, почесен конзул на Соединетите Мексикански Држави - Мексико. Имам голема одговорност да продолжам каде татко ми прерано застана, и како конзул да предводам значајна улога во промовирањето на трговијата, културата и туризмот меѓу двете земји. Оваа прокламација претставува нов почеток и ја сигнализира надежта за зајакнување на врските меѓу нашите две земји. Убеден сум дека со убава енергија и со моето искуство, овој мандат како конзул ќе биде одбележан со успеси. Со нетрпение ги очекувам и првите активности за зајакнување на врските меѓу нашите народи, вели Албан Малиќи.

Срдечно му честитаме на Г-дин Албан Малиќи за ова именување и му посакуваме успех на новата позиција.

01.