Последни
Новости
г-дин Албан Малиќи, дел од бордот на директори на Малиќи групацијата, од денеска е именуван за нов конзул на Соединетите Мексикански Држави во Република Северна Македонија

- maliqigroup
- 0 коментар
- 388 views
Имаме особена чест да објавиме дека г-дин Албан Малиќи, дел од бордот на директори на Малиќи групацијата, од денеска е именуван за нов конзул на Соединетите Мексикански Држави во Република Северна Македонија.
Г-дин Малиќи ја презема оваа важна позиција со цел да се зајакнат билатералните односи меѓу Мексико и Северна Македонија.
- Со голема чест денеска ја прифатив новата должност, почесен конзул на Соединетите Мексикански Држави - Мексико. Имам голема одговорност да продолжам каде татко ми прерано застана, и како конзул да предводам значајна улога во промовирањето на трговијата, културата и туризмот меѓу двете земји. Оваа прокламација претставува нов почеток и ја сигнализира надежта за зајакнување на врските меѓу нашите две земји. Убеден сум дека со убава енергија и со моето искуство, овој мандат како конзул ќе биде одбележан со успеси. Со нетрпение ги очекувам и првите активности за зајакнување на врските меѓу нашите народи, вели Албан Малиќи.
Срдечно му честитаме на Г-дин Албан Малиќи за ова именување и му посакуваме успех на новата позиција.
-
Претходно - Вработените од Гемак со помош од Фондацијата Енвер Малиќи организаираа еко акција за садeње на дрвца во кругот на СОС Детско село Македонија
-
Следно - Самир Малиќи, директор за соработка со принципали во групацијата Малиќи, во интервјуто во најновиот број на специјализираното издание „Економија и Бизнис“