Еден од стратешките приоритети на Малиќи групацијата е развојот на вработените. Сакајќи да го искористиме внатрешниот потенцијал и стручноста на колегите, ја основавме Академијата за лидери, преку која ќе овозможиме развој на вработените, ќе ги зајакнеме сопствените капацитети за деловна комуникација и преговори, за управувањето со промените, изградиме ефективни тимови, и на крајот научиме нешто поинаку за финансиите, Финансии за нефинансиери. Преку интензивните работилници на оваа Лидерска академија ќе се споделат најдобрите модули во делот на начини на преговори и комуникации, со цел да се унапредат личните вештини на вработените во Малиќи групација и тие станат подобри лидери.
Идејата на Академијата е преку размена на идеи и искуства колегите да се стекнат со знаења и вештини кои ќе можат да ги користат вработените од сите 12 компании кои ја сочинуваат Малиќи групацијата.
Немаме сомнеж дека го правиме најдоброто за нас, за компанијата и за нашите соработници. По завршувањето на Академијата за лидери нашите колеги учесници ќе бидат побогати со знаење и вештини.
Leave a Reply