Почитуван Енвер Малиќи
Го споделуваше секој момент со семејството, пријателите и соработниците и ги гледаше сите вработени како дел од семејството.
Останува наследството што ни го остави како пат по кој треба да одиме, а тоа е да го цениме и сакаме секој момент од животот, да ги сакаме и почитуваме нашите најблиски и луѓето околу нас, да бидеме добри луѓе, да не престанеме да се подобруваме и да бидеш секогаш подобар. Ни остави голема одговорност да продолжиме со неговите дела, мисијата и големината на човекот што го носеше во себе.
Болката е неизмерна и безвременска, но она што ни дава утеха се делата и печатот што го остави на секој од нас и повеќе од сигурни сме дека тој ќе живее вечно во сите нас.