•  
Скролувајте надолу

Последни
Новости

Амбасадори на вредности во Малиќи Групација

ноември 30, 2022Категорија: Uncategorized
Ambassadors of values ​​in Maliqi Group

Една од многуте иницијативи во Малиќи групацијата периодот е да ја промовира, практикува и гради новата организациска култура и вредностите кои Малиќи Гупацијата ги негува и очекува вработените наскоро да почнат да ги живеат во сите аспекти на работењето.

Сметаме дека сите организации се засноваат на одреден систем на вредности и дека секоја успешна и силна корпоративна култура се заснова на силни компаниски вредности.

Сите овие фактори имаат влијание врз долгорочноста и одржливиот развој на една компанија.

Вредностите кои ние ги препознаваме и сакаме да работиме на нив се транспарентноста, довербата, иновацијата и интегритетот, но тоа е само дел од вредностите на кои работиме и ги промовираме.

Клучните корпоративни вредности според коишто очекуваме сите вработени да се однесуваат во нивното секојдневно работење се:

-Градење партнерство

- Испорака на врвен квалитет

- Инспирирање прогрес

- Инспиративно лидерство

Знаеме дека процесот на заживување на нови корпоративни вредности од страна на сите вработени е долг, но имајќи ја во предвид вредноста нас како Корпорација фокусот ни е преку континуирани разновидни активности да го направиме овој процес успешен. Иако во најголема мера зависи од највисокиот Лидерски Тим сепак сме свесни дека најуспешните приказни доаѓаат со инпутот и инволвираноста на вработените од сите лидерски нивоа.

Токму затоа, ги инволвиравме сите претпоставени во Малиќи Групацијата, да ги номинираат своите вработени коишто се вистински примери за правилно однесување според нашите корпоративни вредности.

Изминатите 3 месеци беа препознаени повеќе колеги, кои како професионалци направиле чекор повеќе од останатите во промовирање на дел од овие вредности. Нивните напори беа препознаени и се надеваме дека сега ќе бидат уште повеќе мотивирани со нивните работни практики да ги инспирираат и останатите колеги. Така ги добивме првите Амбасадори на Вредности на ниво на Корпорацијата.

За нив минатата недела се оддржа и дополнителна работилница со која освен со признанието од Бордот на Директори добија и ново практично знаење како своето корпоративно однесување да го пренесат и на останатите.

Веруваме дека со нивната позитивна енергија и влијание на останатите колеги побргу ке ја освариме зададената цел и ќе ја направиме работната атмосфера во Малиќи Групацијата уште подобра за секој еден од нас.

Leave a Reply

01.