Për të postuar një koment, duhet të jeni i futur.
E fundit jonë
Lajme
Фондацијата „Енвер Малиќи“ поддржувач на музичко-поетскиот и визуелен перформанс „Диши љубов“.
- maliqigroup
- 0 Koment
- 327 views
Фондацијата „Енвер Малиќи“ годинава со задоволство го поддржа музичко-поетскиот и визуелен перформанс „Диши љубов“.
Негови автори се Џијан Емин и Тина Иванова, а премиерна се одржа на 25 март во Концертната сала на Филхармонија.
Композиторот и диригент Џијан Емин, на овој перформанс тематски проговори за љубовта, за Скопје и мајсторски успеа на сцена да биде и диригент и пејач и инструменталист.
Медиумите овој перформанс го оценија многу позитивно, па за „Диши љубов“ пишуваа дека се неколку минутен час за љубовта прикажана во сите нејзини лица – тажна, меланхолична, дури и трагична, среќна, возбудлива или полна со страст.
1.Станува збор за необично обраќање до публиката, што сакавте да постигнете со вашиот перформанс ?
– Целата идеја се содржи во самиот наслов „Диши љубов“. Колку и да звучи клише или провидна идејата за љуб0вен повик, доколку е искрена и чиста, стигнува до сите кои некогаш ја доживеале таа состојба. Времето во кое живееме е стресно, со многу ограничувања кои најчесто сами си ги поставуваме и забораваме на основните суштински потребни состојби во животот. Љубовта е една од тие главни состојки кои не прават да бидеме луѓе пред се, да чувствуваме, да бидеме подготвени да примиме љубов и да поделиме љубов во сите форми, без разлика дали е љубов кон семејството, партнерот, пријателите, природата, градот,… едноставно љубов кон животот. Доколку барем за момент успеавме да го разбудиме тоа чувство кај публиката, нашата цел е постигната.
2. Дали „Диши љубов“ ќе добие продолжеток или носач на звук?
Ние би биле среќни доколку имаме можност овој музичко поетски визуелен перформанс да го споделиме со колку може повеќе публика не само во Скопје, туку и во регионот. Имаме многу идеи и желби каде би сакале да го претставиме нашиот проект. Веќе сме во фаза на постпродукција на аудио материјалот од перформансот кој е снимен во студиото “ Подрумот “. Наскоро ќе биде подготовен за издавање и публиката ќе ја има можноста да ја слуша музиката на плоча, цеде или на некоја од дигиталните платформи.
3. По сите стеги кои Пандемијата ги наметна, дали може да се каже дека оваа премиера во Филхармонија, ги воскресна концертните настани во Скопје ?
– Диши љубов“ требаше да се случи пред точно две години. Реализацијата беше спречена поради почетокот на пандемијата. Јас би бил најсреќен доколку нашиот настан го обележи и крајот на пандемијата. Според реакциите на публиката овој настан дефинитивно е некакво воскреснување на убавата енергија на Скопје и ние сме многу среќни поради тоа.
4. Колку е важно општествено одговорните компании да вложуваат во културни настани кои даваат оссобен белег на денешната музичка сцена?
– Огромна благодарност до фондацијата „Енвер Малиќи“! Без поддршката од оваа фондација немаше да имаме можност да влеземе во реализација. Во време кога во нашата држава еден од најголемите спонзори на култура е ресорното министерство, тешко е вистинските уметнички дела да го видат светлото на денот. Во вакви услови влијанието на општествено одговорните компании е поважно од било кога.
5. Која е следната станица на Џијан Емин?
– Во наредниот период ќе следат неколку музички изданија од кои прво ќе биде новиот материјал со мојот Магичен оркестар во кој членуваат некои од најдборите музичари во Македонија. Материјалот е снимен на крајот на 2020та година и насловот на албумот е во тој контекст “ Bye Bye 20 20 “. Потоа ќе следи издание на „Диши љубов“ и многу брзо потоа музиката од перформансот Улица, кој е создаден по текст на Славко Јаневски. Дополнително сум во подготовка на нова музика со Магичниот оркестар на тема Музика за големи и мали деца.
6. Со кои големи имиња од музиката годинава планирате соработка и на кои проекти ?
-Оваа година треба да се случат неколку големи соработки со серизони имиња од светот на музиката. Една од тие е соработката со Рамбо Амадеус и ЗЏМ Биг бенд со кој планираме голем концерт со потполно нови аранжмани на дел од најголемите хитиво на Рамбо Амадеус. Уште една таква голема соработка ќе биде со италијанскиот саксофонист Франческо Беарцати кој беше некоку пати прогласен за најдобрар џез музичар во Италија и Европа. Во план е и концерт со пијанистот и електронски музичар Франческо Тристано заедно со голем оркестар. Покрај овие настани ќе има убави изненадувања со концертите на Филхармонија под отворено небо во Градскиот парк, концертите со ЗЏМ Биг бендот и уште неколку пријатни изненадувања кои наскоро ќе бидат официјално објавени.
Leave a Reply