You must be logged in to post a comment.
Our latest
News
Одржаната панел дискусија на ден 15.12.2021, во организација на Ротари клуб – Скопје Парк и поддршка на Фондацијата Енвер Малиќи
![Одржаната панел дискусија на ден 15.12.2021, во организација на Ротари клуб – Скопје Парк и поддршка на Фондацијата Енвер Малиќи](https://maliqigroup.com/wp-content/uploads/2022/01/267546876_3193968047593538_5409383665789346848_n-695x375.jpg)
- maliqigroup
- 0 Comment
- 370 views
Со огромна чест Ви соопштуваме, за успешно одржаната панел дискусија на ден 15.12.2021, во организација на Ротари клуб – Скопје Парк и поддршка на Фондацијата Енвер Малиќи на тема:
“Трансплантација – досегашен успех, понатамошен развој и подигнување на свеста за донирање органи”. Целта на панелот беше фокусот на подигнување на свеста на нашите граѓани за донирање на органи, како највисок степен на човекољубие и алтруизам.
![](https://maliqigroup.com/wp-content/uploads/2022/01/268320833_3193967784260231_1447588819864657681_n-1024x710.jpg)
На панел дискусијата учесници беа Др. Билјана Калчовска, модератор и член на клубот, Министерот за здравство и неврохирург Др. Венко Филипче, Др. Маја Мојсова Мијовска, Национална координаторка за трансплантација, како и Г-н Александар Трајковски, член на семејство донатор на органи. Настанот беше организиран во Park Hotel, а присуствуваа околу 50-тина гости. Исто така, дискусијата ја следеа дополнително уште 30-тина гости, вклучени на панелот он-лајн.
![](https://maliqigroup.com/wp-content/uploads/2022/01/268343190_3193967374260272_1047793499003932304_n-1024x621.jpg)
Leave a Reply