•  
Scroll down

Our latest
News

НУ Албански театар за деца и млади – Скопје

НУ Албански театар за деца и млади – Скопје

На 27.12.2021 година во НУ Албански театар за деца и млади – Скопје се одржаа две репризи на детската претстава “Албански легенди„ од режисерот Ледијан Ѓеци, во кој беа присутни ученици од основните училишта од Чаир.

Со иницијативата на „Фондацијата Енвер Малиќи„ и компанијата ““Dogan air condition solutions” беа донирани две донации кои содржат подароци за Нова година за учениците кои беа избрани од девет основни училишта на Чаир и во исто време на театрот беа подарени грејни тела инвертори 7кв така што малите посетители ќе се почувствуваат поудобно и потопло, бидејќи салата на театарот треба да ја има потребна температура.

Директорката на театарот, Дијана Тоска вели дека се многу почестени што фондација која го носи името на хуманистот Енвер Малиќи кој за жал повеќе не е меѓу нас, но ќе го паметиме како исклучително успешен бизнисмен и пред сè голем поданик на уметноста и образованието, такашто со  театрот  оваа Фондација продолжува да ја негува својата света и благородна мисија. Многу сме благодарни и за присуството на сопственичката на Фондацијата “Енвер Малиќи” г-ѓа Мевлиде Малиќи и директорката Нина Шерифовска, директорка на 

Фондацијата “Енвер Малиќи”, како и Мерита Рамадани Алими партнер на компанијата “Dogan air condition solutions ” за оваа прекрасна иницијатива која го направи театарот поубава оаза за нашите деца.

Двете компании денес ја покажаа својата хуманост како и секој друг пат, и ова само докажува дека културата и уметноста особено за децата заслужуваат да бидат зачувани и култивирани.

Соопштение од НУ Албански театар за деца и млади – Скопје

Leave a Reply

01.