Мора да се пријавите за да испратите коментар.
Последни
Новости
Одржаната панел дискусија на ден 15.12.2021, во организација на Ротари клуб – Скопје Парк и поддршка на Фондацијата Енвер Малиќи
- maliqigroup
- 0 коментар
- 376 views
Со огромна чест Ви соопштуваме, за успешно одржаната панел дискусија на ден 15.12.2021, во организација на Ротари клуб – Скопје Парк и поддршка на Фондацијата Енвер Малиќи на тема:
“Трансплантација – досегашен успех, понатамошен развој и подигнување на свеста за донирање органи”. Целта на панелот беше фокусот на подигнување на свеста на нашите граѓани за донирање на органи, како највисок степен на човекољубие и алтруизам.
На панел дискусијата учесници беа Др. Билјана Калчовска, модератор и член на клубот, Министерот за здравство и неврохирург Др. Венко Филипче, Др. Маја Мојсова Мијовска, Национална координаторка за трансплантација, како и Г-н Александар Трајковски, член на семејство донатор на органи. Настанот беше организиран во Park Hotel, а присуствуваа околу 50-тина гости. Исто така, дискусијата ја следеа дополнително уште 30-тина гости, вклучени на панелот он-лајн.
Leave a Reply