•  
Скролувајте надолу

Последни
Новости

ИНСПИРИРАМЕ НАПРЕДОК

април 22, 2024Категорија: Uncategorized
INSPIRING PROGRESS

Во Малиќи Груп, веруваме во моќта на континуираната обука и споделувањето знаење за да се поттикнеме корпоративен напредок. Затоа минатата недела, нашата посветеност ја подигнавме на следното ниво со два значајни компаниски настани во престижниот Парк Хотел & Спа.

 

Прво, организиравме обука за емоционална интелигенција за нашиот лидерски тим. Овој инспиративен настан сигурно  ќе поттикне уште попозитивна работна култура во нашата организација. Но и ќе доведе до зголемена ефикасност и продуктивност во корпорацијата.

 

Потоа, со гордост ги претставивме резултатите од нашато прво спроведено истражување за задоволството на вработените спроведено во рамките на компанијата Ентернет. Следат интерни истражувања во групацијата! Слушајќи ги повратните информации од нашите членови на тимот, можеме проактивно да правиме подобрувања кои овозможуваат личен раст, креативност и чувство на припадност во секоја компанија.

 

Горди сме што им даваме приоритет на  благосостојбата и растот на нашите вработени на сите нивоа, бидејќи цврсто веруваме дека тоа е клучот за создавање просперитетна работна средина. Заедно, градиме уште посилни темели за успех во Малиќи Груп.

01.