•  
Скролувајте надолу

Последни
Новости

Gordon’s 0.0% без алкохол и Gordon’s Tropical Passionfruit

јуни 1, 2023Категорија: Uncategorized
Gordon’s 0.0% without alcohol and Gordon’s Tropical Passionfruit.

Со големо задоволство ве известуваме дека нашите компании Гемак и Гекос започнаа со продажба на новитетите Gordon’s 0.0% без алкохол и Gordon’s Tropical Passionfruit.

Ако сте решени деновиве да не пиете алкохол, тогаш поздравете го Gordon’s 0.0%.

Овој модерен и иновативен производ на љубителите на џин им нуди можност да се напијат џин со вкус на смрека, кој го очекуваат од нивниот Gordon's, да уживаат во нивниот омилен Gin & Tonic, а да не пијат алкохол.

Gordon’s 0.0% е произведен од истите ботанички плодови како и Gordon's London Dry Gin, има само 24 калории во една доза и е одличен избор за оние што сакаат да имаат понуда од брендовите кои ги познаваат и со кои нема да почувствуваат дека прават компромис кога не пијат алкохол.

Компаниите Гемак и Гекос континуирано работат на проширување на своето портфолио на производи, стремејќи се да ги следат новите трендови и промовирање нови и иновативни производи во FMCG индустријата.

2023 година ја одбележаа безброј иновации во светот, а еден од нив сигурно е и новиот Gordon’s џин 0.0% без алкохол

Во пресрет на летните горештини, нема ништо подобро од ладен освежителен пијалак на крај на долгиот ден, а Гемак и Гекос имаат уште едно изненадување за потрошувачите од Македонија и Косово, а тоа е егзотичниот Gordon’s Tropical Passionfruit.

Не мора да сонувате за бегство на некоја тропска дестинација. Со Gordon’s Tropical Passionfruit ќе се чувстувате доволно свежо и егзотично како да се таму.

Подготвен од најквалитетни состојки со природни ароми, Gordon’s Tropical Passionfruit е направен за да ги балансира нотите на смрека и освежителниот вкус на Gordon’s со најдобрите тропски passionfruit плодови.

Вкусна опција за оние кои сакаат да пијат нешто егзотично, совршен за уживање во вечерните часови со пријателите и за оние кои бараат нов вкус ова лето.

01.