You must be logged in to post a comment.
Our latest
News
НУ Албански театар за деца и млади – Скопје
![НУ Албански театар за деца и млади – Скопје](https://maliqigroup.com/wp-content/uploads/2022/01/DSC_2365-695x375.png)
- maliqigroup
- 0 Comment
- 757 views
На 27.12.2021 година во НУ Албански театар за деца и млади – Скопје се одржаа две репризи на детската претстава “Албански легенди„ од режисерот Ледијан Ѓеци, во кој беа присутни ученици од основните училишта од Чаир.
Со иницијативата на „Фондацијата Енвер Малиќи„ и компанијата ““Dogan air condition solutions” беа донирани две донации кои содржат подароци за Нова година за учениците кои беа избрани од девет основни училишта на Чаир и во исто време на театрот беа подарени грејни тела инвертори 7кв така што малите посетители ќе се почувствуваат поудобно и потопло, бидејќи салата на театарот треба да ја има потребна температура.
![](https://maliqigroup.com/wp-content/uploads/2022/01/DSC_2267-1024x684.png)
Директорката на театарот, Дијана Тоска вели дека се многу почестени што фондација која го носи името на хуманистот Енвер Малиќи кој за жал повеќе не е меѓу нас, но ќе го паметиме како исклучително успешен бизнисмен и пред сè голем поданик на уметноста и образованието, такашто со театрот оваа Фондација продолжува да ја негува својата света и благородна мисија. Многу сме благодарни и за присуството на сопственичката на Фондацијата “Енвер Малиќи” г-ѓа Мевлиде Малиќи и директорката Нина Шерифовска, директорка на
Фондацијата “Енвер Малиќи”, како и Мерита Рамадани Алими партнер на компанијата “Dogan air condition solutions ” за оваа прекрасна иницијатива која го направи театарот поубава оаза за нашите деца.
![](https://maliqigroup.com/wp-content/uploads/2022/01/DSC_2188-1024x684.png)
Двете компании денес ја покажаа својата хуманост како и секој друг пат, и ова само докажува дека културата и уметноста особено за децата заслужуваат да бидат зачувани и култивирани.
Соопштение од НУ Албански театар за деца и млади – Скопје
Leave a Reply